Египќанец останал под вода рекордни 6 дена
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Египетски нуркач го соборил светскиот рекорд за време под вода. Тој поминал 145 часа, односно цели шест дена под вода.
Садам Ал-Килани, кој има 29 години, останал во Црвеното Море точно 145 часа и 30 минути и со тоа го соборил светскиот рекорд од 142 часа и 48 минути на турскиот нуркач Цем Карабај во 2016 година.
Ал-Килани тренирал дури 5 години за да го собори рекордот. Тој имал намера да остане под водата 150 часа, но не успеал бидејќи неговиот медицински тим бил
загрижен за неговото здравје.
Веста доаѓа по неколку дена откако словенечката нуркачка Аленка Артник (39) постави нов светски рекорд за нуркање на длабочина, достигнувајќи до 114 метри под површината на морето.
Автор: Наина Бардваџ
Извор:
insider.com
Насловна фотографија: Pixabay