Колку германската плата вреди во Македонија?

Колку германската плата вреди во Македонија?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Германската плата најмалку вреди во Швајцарија, а најмногу во Македонија, Србија, Албанија и Бугарија.

 

germanija


Трошоците за живот во Македонија се двојн пониски, алкохолот е доста поевтин, а цигарите чинат скоро три пати помалку.

Институтот за економски и социјални науки од Дизелдорф направи анализа на статистиката од Еуростат и националниот завод за статистика за да ги спореди животните трошоци во 37 европски земји, Америка и Јапонија. Листата од овие земји е разновидна - од Швајцарија, Луксембург и скандинавските земји, каде трошоците за живот се доста високи, па се' до балканските магистрали каде што е најевтино за живот, но заработувачката не е Бог знае што.

Економистите сакале германските граѓани да одговорат на прашањето: „Колку моите пари вредат во странство? Каде се најевтини празничните подароци? Во која земја е евтино за одмор?“

Трошоци за живот

Кога станува збор за трошоците за живот - кирија, сметки, храна, облека, трошоци за автомобил, образование, забава - германската заработка најмалку вреди во Швајцарија. Ако на германското евро му се даде индекс 100, тогаш Швајцарија има индекс 158.5, шт значи дека оваа земја е за 58.5% поскапа од Германија. Меѓу најскапите се и Исланд (147.8), Норвешка (141.8), Данска (136.7), Ирска (121.4), Финска (119.7), Луксембург (119.2).

Македонија спаѓа меѓу најевтините со индекс од 45.3 - Германецот за истите пари во Македонија може да добие многу повеќе отколку дома. Поранешните југословенски републики се редат во очекуваниот редослед: Словенија (79.9), Хрватска (65.6), Црна Гора (55.4), Босна и Херцеговина (50), Србија (48.5), Албанија (48.2), Бугарија (46.1) и Македонија (45.3) Не се собрани податоци за две веројатно најсиромашни земји во Европа - Косово и Молдавија.

Алкохол и цигари

Сосема други податоци кога станува збор за алкохол, кој во Германија традиционално е евтин во однос на животниот стандард. Нешто поевтин е во Чешка, Полска, Шпанија и Албанија. Од друга страна, Германецот за својата плата во Исланд (312.6) и Норвешка (300.2) може да купи три пати помалку алкохол отколку дома. Алкохолот е скап и во Турција (237.5), Финска (203.1) и Ирска (199.1).

Што се однесува до цената на цигарите, Германија се движи во просек со развиените земји во ЕУ. За пушачите Балканот е вистински финансиски рај каде цигарите чинат речиси три пати помалку. Против пушењето, со високи цени се бори Норвешка (218.9), каде на пример една кутија цигари Марлборо чини околу 11.5 евра. После неа е Ирска (195.3), Велика Британија (179.2) и Исланд (168.1).

Нордиските земји и Швајцарија се најскапи и кога станува збор за хотелите и гостилниците. Германските туристи најмногу можат да се опуштат во Македонија (41.8), Албанија (41.8), Бугарија (43.5) и Србија (48.2). Единствено Хрватска (78) и Црна Гора (60.4) не се толку евтини поранешни југословенски републики.

Куповна моќ

Дизелдорфскиот институт не ги истражувал разликите во стандардот, односно реалниот однос на платата во различни земји. Според достапните податоци, просечната заработка на еден вработен, кој во Германија работи полно работно време е околу 2.200 евра со одбивање на даноци и здравствено и социјално осигурување. Во Македонијa просечната плата е само 365 евра.