Која е најниската измерена температура во Македонија, а која во светот?

Која е најниската измерена температура во Македонија, а која во светот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

 

zima



Најниска измерена температура во Македонија


Имено, на 27 јануари 1954 година во Берово биле измерена температура од -31.5 степени, а на истиот датум во Битола температурата изнесувала -29.5 степени. Ова се најниските досега измерени температури во Македонија. Други градови каде што температурата може да се спушти под -25 степени се: Тетово (-28.6 степени), Делчево (-28.5 степени), Ресен (-26.5 степени) и Македонски Брод, Кичево, Кочани и Скопје со -25.5 степени.

Најниска измерена температура во светот

Најстуденото место на Земјата е во областа на истражувачката станица Восток на Антарктикот, каде во јули 1983 година биле измерени -89.2 степени Целзиусови. Второто најстудено место во светот е селото Ојмјакон кое се наоѓа на североисточниот дел на Сибир. Тука биле измерени рекордни -71.2 степени. Во ова село, просечната температура во јануари изнесува -50 степени Целзиусови. Местото се наоѓа на 750 метри надморска височина, што значи дека должината на денот варира од околу 3 часа во декември до 21 час во текот на летото.

Во Европа пак, најстудено место е Усттшчугор во Русија, место каде биле регистрирани -55 степени, а слична температура имало и во Финска, Шведска и други држави.