Најдобриот производ на Икеа на сите времиња
Компанијата Икеа е основана во 1943 и до сега успеа да стане најголемиот производител на мебел во светот со преку 300 продавници во 38 земји.
Маркус Енгман е
вработен таму од свои 16 години и за „Business Insider“ го открива својот омилен производ, или најдоброиот производ на компанијата до сега. Ова парче мебел е дизајнирано од таткото на Енгман во 1970тите, а прв пат е пуштено во продажба во 1979 година, но сѐ уште е едно од најпопуларните во Икеа.
Софата доаѓа во големина со две седишта, и многу лесно се протнува низ влезните врати на домовите. Сопствениците може да ја трансформираат со многу различни материјални прекривки, со што дизајнот лесно се прилагодува. Веројатно поради тоа и станала толку популарна.
Кај поновите модели има направено промени, со што е усовршена да биде поприлагодлива на потребите на потрошувачите. Според бојата, цената варира од 249 до 299 долари.