Првиот проблем на Трамп

Првиот проблем на Трамп

Подготвил: Маја Пероска

„Познато лице гледа на улиците и плоштадите на балканскиот град Северна Митровица.Србите беа покрај него цело време“, пишува на слоганот напишан на англиски јазик под џиновската фотографија на Доналд Трамп, кој гледа на минувачите. Ова се зборовите со кои британскиот медиум „The Guardian“ го започнува текстот.


Како шти наведуваат, повеќето граѓани во градот во кој најголем дел живеат Срби, би се согласиле со тоа. Србите воглавно беа воодушевени од победата на Трамп, ако ништо, барем затоа што ја победи сопругата на нивниот непријател од деведесеттите Бил Клинтон, кој го предводеше НАТО бомбардирањето против српските сили во Босна и во Косово, пишуваат во медиумот.

„Заборавете на Кина и Блискиот Исток, поранешна Југославија би можела да израсне во Трамповата прва вистинска надворешно-политичка главоболка“, истакнуваат во „The Guardian“.

Минатиот месец изби судир околу српскиот воз со слоган „Косово е Србија“, напишан на повеќе јазици, а кој беше испратен кон митровица, пишува медиумот кој истакнува дека се работи за најголемата криза во регионот во последните неколку години.

„Поголемиот дел од Косово го сочинуваат Албанци. Иако возот беше сопрен надвор од Косово, НАТО членките Хрватска и Албанија барале од Алијанската да го рпомени мировниот план за Косово. Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека со своите синови лично ќе земе оружје доколку некој им се заканува на Србите во Косово“, наведува медиумот.

Тука е и Босна, стои во медиумот. Границата помеѓу двата федерални дела, српски и босанско-хрватски, по тригодишната војна во деведесеттите никогаш во потполност не се заборавила и закрепнала. Автономна Република Српска редовно се заканува со референдум за независност, додека некои босански Срби се заканувале со бојкот на институциите во Зараево заради барања за ревизија на одлуката на Меѓународниот суд за геноцид на српските сили во текот на војната.

Тука е и Црна Гора, предмет на неверојатни политички препирања, од минатата година, кога владата тврдела дека руските институции се обидуваат да организираат државен удар. На крајот се споменува и нашата земја. Медиумот наведува дека Македонија ако најјужна република на поранешна Југославија, се бори да формира нова влада по политичката криза со етничките Албанци. Земјата е во центарот на вниманието откако конгресменот на САД му предложил на Трамп да ја разбие и подели на соседите, стои во текстот на медиумот.

„Ситуацијата е катастрофална“, вели Белгзим Камбери, етнички Албанец и борез за човекови права. „Речиси две децении по војната, ова не е мир. Албанското и српското прашање не се завршени на Балканот, тоа е односот Израел и Палестина во Европа.“ Како и секогаш, регионот има проблем не само со внатрешни спорови, туку и со надворешни фактори. „Европската унија, погодена со своите егзистенцијални проблеми, ја намалила експанзијата на западен Балкан. Пристапот на администрацијата на Трамп и понатаму не е јасна. Русија за тоа време ја зголемува моќта во регионот и го проширува влијаниети“, пишува британскиот медиум. Сепак, како што наведуваат „Косово останува клучно“.
Косово ја прогласи независноста во 2008 година, но Белград тоа никогаш не го призна. Со споразумот под покровителство на ЕУ во 2013 година на Србија и беше ветен брз пат до членство, а на Косово статус на кандидат. Но, ЕУ сега има други кризи на ум, па линиите на поделба се повидливи од кога и да е, истакнува „The Guardian“.

На северно Косово улиците се полни со српски знамиња, српскиот динар е валута и јазикот е воглавно српски. Автомобилите се движат без регистарски таблички, а оние со официјални косовски таблички ги вадат пред влезот на северот. Од друга страна на реката Ибар е јужна Митровица во која живеат воглавно само Албанци, па тој дел функционира одвоено.

Некои аналитичари повторно ја наведуваат идејата за замена на територија. Северна Митровица на Србија во замена за Прешевска долина. И покрај националистичкте симболи, меѓу обичните граѓани постои мал апетит за судир. Многумина го изразуваат чувството на немоќ, соочени со геополитички интриги на големите сили.

Неименуван дипломат од Западот со „искуство во регионот“ за медиумот вели дека постои само еден потенцијален спонзор за промена на границата, а тоа е Русија. Исто така, наведува дека не се плаши бидејќи би можело да дојде до судир како оној од 2004 година.

Медиумот истакнува дека дипломатите, 2017 година на Балканот во политичка смисла ја опишале како кошмарна заради изборите во Србија, зголемената желба за референдум на Косово и почетните маневри за избори во Босна следната година, а се очекуваат и првите обвинувања пред новиот специјален суд во Хаг за злосторствата на ОВК пред кој би можело да се најдат „високи претставници на политичката елита“, што би довело до нова нестабилност.