Како Путин го поминува слободното време?
Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков пред новинарите на 2 март изјавил дека неговиот шеф се наоѓа во сибирските шуми. После работната посета на Краснојарск, тој земал слободен ден за да помине време во дивината, а во Москва се вратил на 3 март.
Фото извор: Руска реч
Не е прв пат рускиот претседател да оди на одмор далеку од
цивилизацијата. На 7 октомври на својот роденден беше во Сибир.
Путин е добар рибиболовец. Покрај пешачењето сака и риболов. Неколку пати тој бил на риболов со Дмитриј Медведов и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, а еден таков настан стана историски. На 17 август 2011, кога Путин беше премиер, а Медведев претседател, одлучиле да „направат рокада“ и Путин да се кандидира на претседателските избори, а Медведев на местото премиер. Во друга прилика во 2013 година уловил штука од 21 килограм по што изјавил дека е заљубен во риболовот.
Тој сака да плива и да да игра хокеј и со тоа се бави секојдневно кога има можност. Понекогаш излегува на мразот на натпревари на Ноќната хокеј лига, а еднаш во 2015 година на еднен таков натпревар постигнал 7 голови. Путин го користи слободното време и за скијање секогаш кога се пружа прилика.
Фото извор: Руска реч
Експертите тврдат дека неговиот активен одмор е доказ дека тој во своите 64 години е полн со сила.
Каде и да оди на одмор, Путин остануа во Русија. Често ја посетува републиката Тува каде што ја уловил и штуката. Тува бездруго привлекува многу туристи и од Русија и пошироко. Во 2007 година, таму е направена славната фотографија на која е прикажан Путин како јава коњ.
Политиколозите велат дека пораката на Путин е луѓето да не го поминуваат одморот во странство туку во сопствената земја. Тој ја прикажува Русија како туристички бренд.
Фото извор: Руска реч