Во кои области работат најголемиот дел од вработените во Македонија?
Најголем дел од вработените во земјава работат во преработувачката индустрија, земјоделство и трговија. Од вкупно 723.550 вработени, половина се вработени во овие три дејности, додека најмалку луѓе работат во дејностите поврзани со недвижен имот и во рударството, покажува анкетата за работната сила во 2016 година што ја спроведе Државниот завод за статистика.
Според државната статистика, во Македонија во 2016 година имало 225.049 невработени. Повеќе од половината од нив, односно 63,8 отсто, се лица на возраст од 25 до 49 години. Меѓу најмладите лица на возраст од 15 до 24 години, невработени биле 18,4 отсто, додека најмалку невработени има кај возрасната група од 50 до 64 години, односно не работат 17,7 отсто.
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во Македонија во 2016 година имало 948.599 лица активно, работоспособно население, при што стапката на невработеност изнесувала 23,7 отсто. Од вкупниот број невработени, 62,9 отсто се мажи, а 37,1 отсто се жени.
Целосниот извештај можете да го погледнете
ОВДЕ