ОН: Ова се најдобрите земји за живот

ОН: Ова се најдобрите земји за живот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Обединетите нации неодамна го објавија годишниот извештај за човечки развој врз чија основа донеле заклучок за тоа кои земји во светот се најдобри за живот.

земји
Фото: Thinkstock

Рангирањето се врши врз основа на бројни фактори како што се долговечноста на жителите, образованието, здравството, родовата рамноправност и финансиската благосостојба.

Биле оценети повеќе од 200 земји од светот, а на врвот на листата се најдоа следните земји:

11. Америка -
Оваа земја се издвојува по големото финансиско богатство. Американците во просек годишно заработуваат 53.245 долари.

10. Канада -
Рамо до рамо со Америка, Канада котира високо поради одличниот образовен систем. Повеќе од половина од нејзините граѓани дипломирале.

9. Исланд -
Луѓето во Исланд имаат прилично долг животен век - во просек живеат 82.7 години.

8. Ирска - Стапката на криминал во Ирска е доста ниска. Според најновите податоци, стапката на убиство изнесува само 1.1 на 1.000 луѓе.

7. Холандија -
Оваа земја се карактеризира со најмалку изразена родова нерамноправност кога станува збор за заработката - 12.4. Би требало да се напомене дека овој процент е во постојано опаѓање од 90-те години на минатиот век.

6. Сингапур
- Станува збор за една долговечна нација, чии припадници во просек живеат 83 години.

5. Данска -
Кога станува збор за просечните плати на мажите и жените, разликата во оваа земја (поврзана со полното работно време) изнесува 7.8%.

4. Германија -
Од октомври 2014 година, студирањето на сите универзитети во Германија е бесплатно за нејзините жители и меѓународните студенти, додека повеќе од 96% од луѓето имаат завршено средно образование.

3. Швајцарија
- Оваа земја се наоѓа прилично високо кога станува збор за општото здравје. Луѓето во Швајцарија во просек живеат 83 години, а ризикот од маларија, ХИВ и туберкулоза е најнизок.

2. Австралија
- Повеќе од 5% од БДП во оваа земја се издвојува за образование, со што Австралија го дели истото место со Швајцарија.

1. Норвешка
- 13 години по ред, Норвешка се наоѓа на прво место на листата, како земја со најдобар животен стандард, најдобра очекувана должина на животниот век (најдобар државен здравствен систем) и најдобар образовен систем.

Извештајот на ОН покажува дека генерално, светот станува подобро место за живот. Иако 800 милиони луѓе и понатаму секојдневно си легнуваат гладни, во последните 25 години повеќе од милијарда луѓе успеале да се извлечат од екстремна сиромаштија.

Од друга страна, севкупниот човечки процес и понатаму го гушат неколку различни фактори како што се дискриминацијата и нетолеранцијата.

Кога станува збор за Македонија, нашата земја се најде на 82-то место од вкупно 188 држави.

Целосниот извештај можете да го погледнете ТУКА.