Две третини од младите во Македонија се функционално неписмени
Дури две третини од младата популација во Македонија е функционално неписмена, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан. Од 70 земји во светот, Македонија се наоѓа на 68. позиција, пред Косово и Доминиканска Република, според овој податок.
Функционалната неписменост подразбира дека лицето умее да чита, пишува и зборува со ограничени и основни вештини, и дека нема основно познавање на работење на компјутер, како и разговорно познавање на некој од светските јазици.
Според извештајот, во Македонија 40 отсто од населението не е вклучено на пазарот на трудот, постои голем процент на невработеност кај младата популација и тренд на долгорочна невработеност кај населението.