Медицински практики од антички Египет кои се применуваат и денес
Антички Египет е најмногу познат по пирамидите, хиероглифите и мумиите. Богатата култура која траела преку 3000 години пред Христос, оставила зад себе многу нешта што даваат увид во цивилизацијата. Благодарение на преводи на документи и натписи, како и прекрасни слики, знаеме многу за древниот египетски живот.
Благодарение на практиката за мумификација на
Египќаните, тие научиле многу за човековото тело и развиле медицинско знаење. Со векови по нивното време, многу практики кои докторите ги користеле тогаш, се познати и денес. Можеби денес не се користат магии и амајлии, но на многу други начини техниките на лечење се слични.