Земјите од каде што ИСИС има најмногу странски регрути
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Способноста на ИСИС да продолжи да извршува напади далеку од земјите каде што се стационирани, е неверојатна и не смее да се занемари. Само оваа пролет, групата ја презеде вината за бомбашките напади во Шведска, Египет и Велика британија.
Фото: Reuters
Како што поразените борци се враќаат дома од фронтот, ова се петте земји од каде што потекнуваат најголем број на странски регрути на ИСИС - рангирани според истражување од 2016 година спроведено од Националното биро за економски истражувања.
Тунис
Од шесте земји зафатени од Арапската пролет, демократијата единствено се одржува само во Тунис. И се чини дека шест години после соборувањето на автократскиот претседател Зине ел Абидин Бен Али, 86% од Тунижаните велат дека демократијата е најдобриот систем на власт, за разлика од самиот период на револуција, кога 70% од луѓето го имале ова размислување. Поважно, ентузијазмот за демократија доаѓа во време кога само 15% од Тунижаните веруваат дека економијата прави добро и 90% велат дека корупцијата е распространета.
За жал, новооткриениот ентузијазам за демократија не го делат сите. Околу 6.000 Тунижани ги напуштиле домовите и се приклучиле на редовите на ИСИС, стапка највисока по глава на жител во светот. Фановите на ИСИС кои останале се исто така загрижувачки; токму пропагандата на ИСИС на социјалните медиуми беше одговорна за пукањето на плажа во 2015 година - напад во кој загинале 38 лица, и кој се смета за најкрвавиот терористички напад во историјата на модерен Тунис. Демократските грешки, тековната економска борба и враќањето на поразените џихадисти продолжуваат да се мотивација за ИСИС постојано да се враќа во оваа земја.
Саудиска Арабија
Саудиското царство е активен промотор и спонзор на вахабзмот, фундаменталистички вирус на исламот, кој служи како 'рбетот на модерниот исламскиот екстремизам, е втор по големина извор на странски борци за ИСИС - се приклучиле околу 2.500 регрути. Исто така, оваа земја и самата е мета на терористите. Во јули 2016 година, таа доживеа три самоубиствени бомбашки напади во три градови; во мај 2015 година, во бомбашки напад од ИСИС загинаа 20 луѓе.
Племенскиот лидер Абдулазиз ал-Сауд ја освоил територијата која денес ја знаеме како Саудиска Арабија во 1932 година и склучил договор со свештениците за да го зацврсти своето владеење; Ал-Сауд и неговите потомци (денес кралското семејство) управуваат со безбедноста, политиката и надворешни работи на земјата, а свештениците се задолжени за верските прашања. Бракот останува проблематичен, бидејќи кралското семејство е повеќе отворено за справување со Западот отколку неговите свештенички колеги. Тоа е причината зошто ИСИС смета дека модерна Саудиска Арабија е перверзија на исламската држава. И тоа нема да се смени.
Русија
За Русија е познат тероризмот - повеќе од 3.500 луѓе загинале во повеќе од 800 напади во земјата уште од 70-те. Во нападот од минатата недела при експлозија на бомба во метро во Санкт Петерсбург загинаа 14 луѓе. Ниту една група не ја презела одговорноста, но руските државни медиуми го поврзуваат со ИСИС и други меѓународни терористички тимови.
Историјата на Русија со тероризмот главно е центрирана во региони на Северен Кавказ во Чеченија, Дагестан и Ингушетија, претежно муслимански региони кои бараа независност од Москва, често пати преку насилни средства скоро 300 години. Колапсот на СССР во 1991 година внесоа свежина во движењата за независност на регионот и доведе до две крвави војни во Чеченија во кои загинаа илјадници животи. Во 2002 годин, чеченските милитанти зеле 912 луѓе како заложници во театарот Дубровка во Москва; 130 од заложниците бил убиени. Во 2004 година, чеченските бунтовници упаднале во училиште во Беслан и зеле повеќе од 1.200 заложници; 330 луѓе биле убиени, меѓу кои и 186 деца.
Путин оцени дека меѓу 5.000 и 7.000 лица од Русија и други поранешни советски републики патувале до Сирија за да се придружат на ИСИС.
Турција
Во самата Турција се наоѓа етничка група која предизвикува голем број немири. Курдите се околу 20 до 40 милиони - тие се борци кои со децении се борат против турската влада, а голем дел од нив прибегнале кон тероризмот. Во текот на изминатите 30 години, повеќе од 40.000 луѓе биле убиени во судирите меѓу Турците и Курдите.
Работите се комплицирани со тоа што Курдите во Сирија се едни од најефикасните сили кои се борат и со Асад и со ИСИС. Нивниот успех може да создаде независна курдиска држава во Сирија, која може да поттикне голем дел од турските Курди да се вооружат за истата цел. Тие исто така се една од најголемите терористички закани на Турција, и на ИСИС.
Истовремено, околу 2.100 Турци патувале во Ирак и Сирија да се приклучат на ИСИС. Од 2015 година, повеќе од 400 луѓе биле убиени во терористички напади во земјата. Со други зборови, проблемот на Турција против тероризмот станува многу посложен.
Јордан
Околу 2.000 луѓе од Јордан се приклучиле на ИСИС во текот на изминатите неколку години. Како што Турција е домаќин на 2.9 милиони сириски бегалци, Јордан исто така зеде голем дел од раселените лица во регионот - 655.000 Сиријци се 8.5% од вкупното население од околу 7.5 милиони.
Во однос на остатокот од Блискиот Исток, терористичките напади во Јордан се доста ретки, со што Јордан го доби името „Царството на мирот“. Но, мирот беше уништен во декември 2016 година кога ИСИС терористи го нападнале познатото туристичко место, замокот Карак, при што загинале 10 лица, а 34 биле повредени. Ова беше првиот терористички напад во Јордан насочен кон цивили. За
терористичка група како ИСИС, ваквото „место на миро“ претставува и повеќе од покана за крвопролевање.