Нови правила за виза за Австралија
Австралија ќе ги укине привремените визи кои се популарни кај странците, според изјавите на премиерот на земјата Малком Тернбул.
Фото извор: thinkstock.com
Досегашните визи ќе бидат заменети со визи за кои е потребно владеење на англискиот јазик и работни вештини. Тернбул ја одбил сугестијата да ја промени визната политика како одговор на големите побарувања на десничарската партија.
Меѓутоа, во објава на Фејсбук Тернбул напишал: „Нашите реформи ќе имаат едноставен фокус: работата на Австралијанците и австралиските вредности.“
Тернбул рекол дека промената на визите ќе привлече квалификувани работници и поголемо вработување на Австралијанците за разлика од евтината работна сила која во земјата е дојдена со визите 457. Премиерот е категоричен дека нема повеќе да се дозволи тие визи да бидат пасоши за работа која би можеле да ја работат Австралијанци.
Визата 457 сега ја користат околу 95.000 работници.