Количка што ќе ја промени иднината на неподвижните лица
25.04.2017
Категорија: Технологија
Подготвил:
Б.Б.
(Фото:
Youtube
)
Количката за инвадилизирани лица
Scewo
е новитет што претендира да ја промени судбината на многу лица со посебни потреби, затоа што е првата која поседува систем што овозможува движење по скали.
Scewo
има три компоненти што овозможуваат искачување и слегување по скали: „гасеници“ кои создаваат рампа за придвижување, две големи тркала што го контролираат процесот и две мали тркалца кои обезбедуваат порамнување кога количката стигнува на долниот или горниот крај од скалите.
Процесот во потполност е автоматизиран и се вклучува со едноставно притискање на едно копче.
Количката
може да се движи и на снег, а нуди и можност за подигнување на седиштето до висина на очите кај просечно високо лице.
Оваа феноменална количка ја креираа студенти од Швајцарија, кои се надеваат дека ќе успеат да ја пласираат на пазарот по нешто подостапна цена.
Погледнете го видеото:
помагало
инвалидска количка
неподвижни лица
иднина
посебни потреби
Tweet
Популарно
Најлајкувано
издвојуваме
КОЛУМНИ