„Одмаздата“ на Германија

„Одмаздата“ на Германија

Подготвил: Б.Б.


Германскто знаме, илустрација
(Фото: Thinkstock)

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ може во Германија да предизвика „сериозни последици врз економијата и безбедноста, особено врз реалниот сектор“.

Ова е наведено во извештајот кој содржи 35 страници, а се однесува на потенцијалните трошоци на Германија предизвикани од Брегзитот.

Заради тоа, функционерите од германската влада предложиле да ѝ се дозволи пристап на Велика Британија до заедничкиот европски пазар, доколку за тоа си платат, стои во извештајот на Министерството за финансии на Германија, објавува германското списание „Фокус“.

Тие пресметале дека заради излегувањето на Британија од ЕУ, Берлин ќе мора да уплаќа дополнителни 4,5 милијарди евра во европскиот буџет на годишно ниво.

За да се амортизира овој трошок, министерството одлучило да им наплаќа на Британците за слободен пристап до европскиот пазар.

„Таквиот финансиски надоместок ќе биде искористен за ублажување на последиците од Брегзитот“, истакнуваат функционерите, додавајќи дека тоа ќе претставува дополнителен товар за германските даночни и царински власти, заради новите даноци на стоки и услуги за британските компании.