Што ќе се случи ако месечно имате 560 евра сигурни приходи?
Кај граѓаните кои добиваат основни месечни примања како дел од радикална пилот шема во Финска се забележало намалување на нивото на стрес.
Во оваа шема се вклучени 2000 луѓе кои примаат 560 евра секој месец, две години, и притоа не треба да пријават дали бараат работа или како ги трошат парите.
Марјука Туренен, шеф на КЕЛА, правната единица во агенцијата за социјално осигурување на Финска, вели дека намалувањето на бирократијата, трошоците и справувањето со сиромаштијата имаат позитивно влијание на менталното здравје на луѓето.
Што се однесува до пилот шемата, ако еден учесник пронашол работа, тој и понатаму ги добивал 560 те евра. Проблемот со одбивање на работа бидејќи луѓето се чувствуваат подобро е особено акутен под финскиот великодушен и комплексен систем за
социјално осигурување.
Повеќе од 8 % или околу 213.000 Финци немале работа во Ноември, а бројката не е променета од претходната година. Просечната плата во приватниот сектор е 3.500 евра месечно. Во април беше најавено дека најголемата провинција на Канада, Онтарио, ќе проба слична шема на основни приходи. Премиерот на Онтарио Келин Вајн рече дека шемата е потребна за решавање на нови предизвици презентирани од модерниот свет.