Професорите бараат да се формира министерство за наука

Професорите бараат да се формира министерство за наука

Подготвил: В.М

Со молебен посветен на светите браќа Кирил и Методиј со кој чиноначалствуваше  Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан почна  чествувањето на патронатот на УКИМ како и славењето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај. На 68- годишнината од основањето на установата освен претставници од домашните универзитети  имаше гости од соседството.Ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски потсети дека   Универзитетот „св. Кирил и Методиј” е најголемиот и најстариот универзитет во државава.   




Во ректоратот се одржа и дебата на тема:  „Импакт-фактор: да или не?“ на која професорите рекоа дека државата треба да обезбеди повеќе средства за наука, досега одвојува 0,22 од БДП, што многу скромно за оваа област. Предложено беше да се формира министерство за наука. Подобро е рекоа учесниците на дебатата професорите да објават научен труд во списание со низок инпакт фактор, одколку да не објават ништо, никаде. Според податоците кои беа изнесени од 2002 година до денеска биле објавени 5000 трудови, од кои 94 проценти,  биле објавени  трудови на професори од УКИМ. Лани  биле објавени 560. За споредба,  во Словенија биле објавени близу  60 илјади трудови, во Турција 380 ијлади.

-Научно- истражувачката дејност претставува главен белег на УКИМ. Развоен фактор не само УКИМ и за општеството во целина. Имаме тенденција науката да ја поврземе со универзитетот, државата и стопанството изјави проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на „Св. Кирил и Методиј“.

- Лекарите се преоптоварени со сите нивни задолженија, лабораториите се недоволно опремени за истражувања. Најчесто се опремени со рутински инструментариум и има недоволна соработка меѓу институциите. Приемот на кадар мора да биде високо селектиран, рече проф. Мирјана Кочова, од Медицински факултет

- Императив е да се публицира во највисоко рангираните списанија, треба финансии, опрема, литература, млад кадар. Објавувањето зависи од струката, не е исто , дали студирате медицина или географија, изјави проф. д-р Владимир Петрушевски, проректор за наука на „Св. Кирил и Методиј“.

Професорите рекоа и дека мора да има посебно министерство за наука бидејќи досега 99 проценти од средствата се трошат за проекти во образованието.