Погледнете зошто оваа матурантка  е суспендирана од училиште

Погледнете зошто оваа матурантка е суспендирана од училиште

Подготвил: Б.Б.


Девојче во зелена маица
(Фото: Screenshot)


Заради маичка која ги открива рамениците, една девојка заработи суспензија од школото, но и од сите матурски активности, иако просечната оценка од сите предмети ѝ е 4,4.

Станува збор за матурантката Самер, ученичка во средното училиште „Хикори Риџ“ од градот Харисбург во Северна Каролина . Минатата недела во училишната кантина ѝ се приближил директорот и побарал од неа да облече јакна затоа што сметал дека нејзината маичка е непристојна.

Имено, девојката носела маичка која ѝ открива дел од рамениците, што не му се допаднало на директорот, затоа што сметал дека нејзината облека „покажува повеќе од дозволеното“.

Девојката на тоа одговорила дека сметка дека нејзината облека е прикладна за во школо, но сепак облекла палто што ѝ го „позајмила“ другарката.  Директорот сепак незадоволен и од тој „гест“, ја испратил девојката дома за да се пресоблече, што таа изречно одбила.

„Не го направив тоа затоа што сметав дека треба да се борам за своите убедувања, по примерот на многумина кои ги почитувам“, рекла девојката, инсистирајќи нејзината мајка да биде повикана во училиштето.  Но, бидејќи мајка ѝ била недостапна во тој момент, девојката добила наредба или да се пресоблече или во спротивно, ќе биде уапсена.

Тоа сепак не се случило, но заради непослушност добила две недели суспензија од училиштето, и дополнителна казна – забрана за учество во сите училишни активности , вклучително и матурската прослава.