Ова се најпопуларните факултети во Македонија
Голем интерес за упис на УКИМ годинава, според нашата анкета најмногу ќе има за техничките науки, медицина, но и Правен, Економски и Филозофски факултет. Најголем дел од анкетираните (16,9) одговориле дека сакаат да се запишат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Фото: Pixabay
Најголем дел од матурантите, годинава планираат да се запишат на државните универзитети, а втората опција им е студии во странство. На нашата онлајн анкета на која учествуваа 672 читатели дури 70,5 проценти од анкетираните, одговориле дека довербата за нивното образование ја препуштаат на некој од државните факултети, а 20,5 проценти имаат желба за студии надвор од Македонија. На приватните универзитети ќе аплицираат 7,3 од анкетираните. Прв избор на матурантите им е
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, па за него се одлучиле 76,6 од анкетираните, втора опција, или на 12 проценти им е
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а 9.5 проценти ќе пробаат да се запишат на
Универзитетот „Св. Климент Охридски од Битола“.
Голем интерес за упис на УКИМ годинава, според нашата анкета најмногу ќе има за
техничките науки, медицина, но и Правен, Економски и Филозофски факултет. Најголем дел од анкетираните (16,9) одговориле дека сакаат да се запишат на
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Потоа следат
Економски факултет со 10,6 проценти,
Факултетот за електротехника и комуникациски технологии (ФЕИТ) со 9,4 проценти,
Медицински факултет со 9.1,
Правен со 7,4, и
Филозофски факултет со 6,6 отсто. Ако не успеат да се запишат на саканиот факултет, најголем дел од нив докумените во вториот уписен рок би ги доставиле до
ФИНКИ, ФЕИТ и Филозофски факултет.
Кога станува збор за
УКЛО, таму најголем интерес според нашата анкета ќе има за
Економски факултет (32,7), потоа
Факултетот за безбедност со 16,3 проценти,
Технички и Факултетот за информатички и комуникациски технологии со по 10,2 проценти, па
Факултетот за туризам и угостителство од Охрид со 8,2 проценти. Ако не успеат да се запишат на саканиот факултет најголем дел од матурантите одговориле дека документите ќе ги достават на
Техничкиот факултет и Факултетот за туризам и угостителство.
Медицинскиот факултет е најверојатно најпопуларен на
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, бидејќи за него се одлучиле 50 отсто од анкетираните матуранти. Желба да се запишат на
Економски факултет имаат 13,5 отсто, а на
Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија 9,6. По речиси 6 проценти од анкетираните сакаат да се запишат на
Технолошко-технички и на
Правен факултет.
Матурантите кои ќе аплицираат на
Тетовскиот Универзитет покажуваат најголем интерес за
Факултетот за прехрамбена технологија и исхрана,
Факултетот за применети науки и
Природно математичкиот факултет.
На
Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, судејќи по нашата анкета најголем интерес ќе има за
Факултетот за компјутерски науки и инженерство (33,3),
Факултетот за машинска интелигенција и роботика (16,7).
На
Универзитетот за туризам и менаџмент, најголем интерес ќе има за
Факултетот за туризам и Факултетот за менаџмент и човечки ресурси(28,6 проценти).
За ФОН Универзитетот најголем интерес, матурантите покажале за факултетите за Економски науки, Правни науки и Спортски менаџмент.
Најмногу од анкетираните кои сакаат да се запишат на на
Меѓународниот Славјански Универзитет, сакаат да студираат психологија (71,4). Тука популарни факултети се и
Факултетот за безбедносно инженерство и Факултетот за информатика.
На нашата анкета поставивме и прашање во која земја сакате да студирате. Најголем дел од матурантите имаат желба да се запишат во
Германија, САД, Словенија и Бугарија.