Како од бајките - Најубавото село во Франција
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Кајзерберг е прогласено за најубавото село во Франција. Победникот е избран од учесниците во анкетата спроведена во емисијата „Village préféré des Français“.
Фото: Instagram
Ова прекрасно средновековно село кое се наоѓа во Алзас во северо-источниот дел на Франција е познато по куќите направени од дрво, улиците со калдрма и природата која го одзема здивот.
Кајзерберг е особено популарен поради неговата фантастична архитектура, улицата погодна за прошетка и пријателското локално население. Тоа и претходно привлекло голем број на посетители, но сега интересот на туристите е во пораст, со оглед на тоа што ја доби титулата
најубаво село.