Истражувањата покажуваат дека постарите татковци имаат синови-бубалици

Истражувањата покажуваат дека постарите татковци имаат синови-бубалици

Подготвил: М.Д.

Со една студија направена со 7.781 близнак е потврдено дека треба да им заблагодарите на постарите родители за тоа што сте бубалици. Со студијата е докажано дека 57% оваа карактеристика ја наследиле од постарите татковци и ова особено се однесува на машките деца.

татко
Фото: PinsDaddy

Децата, кои биле на возраст од 12 години, биле оценувани за нивната невербална интелигенција, рестриктивното и повторувачкото однесување и социјалната незаинтересираност. Како бубалици биле оценети оние со највисок коефициент на интелигенција, поголема способност за фокус и помалку грижа за вклопување во средината.

Со највисок индекс на бубалица биле децата чии татковци биле постари од 35 години кога биле зачнати. Машките деца чии татковци биле постари од 50 години при зачнивањето, имале 32% повеќе шанси за високи резултати на СТЕМ испитите, отколку оние чии таткови биле под 25 во тој период.

Сепак, ова не е случај со девојките.

Претходни студии ги поврзувале менталните болести како аутизам или шизофренија со постарите родители. Магдалена Јанечка, која учествувала во студијата, вели дека е големо олезнување да се знае дека карактеристиката „бубалици“ е наследна. Причина за ова се мутации на семениот материјал на постарите татковци.