Тинејџерот што вложи илјада долари во биткоини, сега е милионер

Тинејџерот што вложи илјада долари во биткоини, сега е милионер

Подготвил: Б.Б.


Ерик Финман, тинејџерот милионер
(Фото: Youtube)

Пред три години, Ерик Финман од американското гратче Ајдахо, се обложил  со своите родители дека не ќе мора да оди на студии доколку стане милионер пред своето полнолетсво. Тој го напуштил училиштето и учел од дома.

„Го добив облогот од милион долари со своите родители. Благодарен сум им на сите“, објави осумнаесетгодишниот Ерик на „Фејсбук“.

Неговата необична приказна започнала во 2011 година кога имал 12 години. Бабата му подарила илјада долари, а Ерик тие пари ги вложил во биткоини, дигитални пари, кои електронски се создаваат и се чуваат.

Тие се користат за купување во електронска форма, и во таа смисла не се разликуваат од другите валути. Идејата за вложување во биткоини произлегла од постариот брат на Ерик, Скот.

„Не го сакав училиштето. Со денови поминував играјќи видеоигри. Колку и да се обидував, немав успех, добивав тројки и бев уплашен, затоа што моите наставници на моите школски неуспеси гледаа како на нешто што е многу лошо. Еден од нив ми рече дека никогаш нема да бидам успешен, и најверојатно ќе се вработам во Мекдоналдс“, раскажува Ерик.

Родителите одлучиле да го отпишат палавиот Ерик од училиште, и да продолжат со неговото образование од дома. Тој својот прв биткоин го разменил за готовина во 2013 година, кога неговата вредност изнесувала 1.200 долари и со тоа ги вратил вложените средства со кои ја основал интернетската компанија Bontagle  која им овозможува на корисниците да најдат професори преку интернет. Поттикнат од остварениот успех, тој почнал да се вклучува во старт-апите во Силициумската долина, област позната по високата технологија.

Денес Ерик поседува 403 биткоини, со вредност од по 2.700 долари еден, што  е вкупно повеќе од еден милион долари.  На социјалните мрежи, самиот себе се нарекува „real life Tony Stark“ според најпознатиот суперјунак Ајрон Мен.

Моментално Ерик работи на неколку проекти, вклучително и на лансирање ракети за НАСА. И натаму не зажалил што не се запишал на факултет, а јавно го препорачува образованието преку интернет за кое вели дека е „бесплатно и овозможува многу повеќе од образовниот систем кој не работи за никого“.


This 18-year-old is a millionaire thanks to bitcoin from CNBC.




A post shared by Erik Finman (@erikfinman) on