Драматично предупредување на научниците: Се наоѓаме пред масовно изумирање на видовите
Земјата се наоѓа во средината на шестото масовно изумирање на видовите, односно биолошко истребување на видовите – ова е заклучокот на новата студија објавена во листата на Академијата за наука на САД, пишува Дамиан Карингтон, уредник на рубриката за животна средина во британски „Гардијан“.
фото извор: Ahmad Masood / David Gray / Philimon Bulawayo / Reuters
Научниците ги анализирале ретките, загрозени, но и „чисти“ видови, па откриле дека се изгубени милијарди регионални или локални популации. Како причина за тоа го наведуваат големиот раст и ширењето на човечката популација, како и големото користење на ресурсите. Научниците предупредуваат дека ако овој тренд продолжи, тогаш се става под знак прашалник опстојувањето на човечката раса. Според нив, имаме многу малку време за да дејствуваме и да го промениме таквиот исход.
Во изминатите 500 милиони години имало пет масовни изумирања на Земјата, со кои 75 проценти од видовите исчезнале. Последен пат тоа се случило пред 66 милиони години, кога исчезнале диносаурусите поради вулканските активности, промената на климата и удар на астероид.
Студијата ја спровеле научниците од Универзитетот „Стендорд“, национален автономен универзитет од Мексико. Извршена била детална анализа на 27.600 копнени животни и 177 видови цицачи. Се покажал висок степен на опаѓање на популацијата на овие видови. Најголем пад се забележува во популацијата на гепардот, орангутанот, лавот, жирафите.
Експертите сметаат дека ова ќе има сериозни еколошки и социјални последици, а човештвото ќе плати висока цена. Просторот за акција е многу мал и краток – најмногу две до три децении.