Модифицирани комарци за борба против вирусот зика
Компанијата на „Гугл“ – „Верили“ пушта милиони машки комарци третирани со природни бактерии кои ги прават стерилни. Комарците се пуштаат како дел од борбата против вирусот зика и денга хеморагичната треска.
Компанијата креирала робот кој одгледува еден милион комарци неделно во автоматизирана лабораторија. Првите групи од 20 милиони комарци се пуштени во Фресно, Калифорнија.
Ваквата иницијатива била најавена уште во октомври минатата година. Се земаат само машки комарци бидејќи тие не ги касаат луѓето. Експертите од компанијата велат дека за да им се помогне на луѓето, потребно е да се произведува голема количина на комарци и да се дистрибуираат онаму каде што е најпотребно.
Слична ваква
акција се планира да се одвива и во Австралија подоцна годинава. Ваквите модифицирани комарци се регулирани од страна на Агенцијата за заштита на животната средина (EPA), која донела одлука дека ваквите комарци нема да им наштетат на другите организми.