Запознајте ги Кристина и Симона, новите WIZZ амбасадори

Запознајте ги Кристина и Симона, новите WIZZ амбасадори

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, гордо ги претставува новите WIZZ Амбасадори, кој ќе бидат официјалните лица на компанијата во наредните две години.

Над 290.000 гласови беа изведени за време на двонеделниотпериод на јавно гласање, кога Фејсбук фановите беа прашани да ја одберат новаата генерација на WIZZ Амбасадори.Во натпреварот учествуваа 83 кандидати на кој им беше дадена можност да и објаснат на јавноста зошто ја сакаат оваа престижна улога на WIZZ амбасадор во кабинската екипа, покажувајќи ја својата страст за професијата. 31 нови WIZZ амбасадори беа избрани, вклучувајќи ги Кристина и Симона кои ќе гопретставуваат WIZZ во Македонија во следните две години.



Новоизбраните амбасадори на WIZZ ќе ја претставуваат нивната земја и компанијата на различни настани за медиуми, прослави за достигнувања на компанијата и денови на кариера, но амбасадорите ќе бидат и интервјуирани за списанија, радио и телевизиски канали ширум Европа. Амбасадорите на WIZZ исто така ќе го споделат своето искуство, како е да се биде дел од семејството на Wizz Air, претставувајќи и на јавноста преку нивните неверојатни денови поминати како членови на кабинскота екипа на WIZZ, ќе ги претстават своите омилени WIZZ дестинации и ќе ги потенцираат најдобрите услуги кои WIZZ може да ги понуди. Новите амбасадори на WIZZ веќе го покажаа својот талент за време на првичната фотосесија за време на програмата во Будимпешта. Видеото зад сцената за време на настанот е достапно на официјалниот YouTube канал на Wizz Air: