Како светската елита се подготвува за „судниот ден“?
Заканата од
глобално уништување е присутна исто како што била и за време на Студената
војна, но денешните засолништа се многу поразлични од оние во 20 век.
фото извор: Survival comdo
Многубројни компании
од светот се обидуваат да креираат структури што ќе заштитуваат од каков било ризик,
глобална пандемија, астероид или трета светска војна.
Многумина што
се дел од светската елита, како спортски ѕвезди, менаџери и технолошки извршни
директори, одлучиле да дизајнираат сопствени засолништа каде што ќе ги сместат
своите семејства и вработени.
Тие креираат бункери
кои се дизајнирани да опстојуваат со генерации и може во нив да складираат храна за
цела една година, па и да издржат земјотреси. Исто така, постојат и засолништа што можат да опстојат и во случај на нуклеарни напади, па се обезбедени и со
водоводен и електричен систем, како и нуклеарна, биолошка и хемиска воздушна
филтрација.
фото извор: teravivos.com
Бројот на вакви
засолништа е зголемен во 2016 година, особено во периодот околу изборите во
САД.
ГАЛЕРИЈА