Колиба близу Скопје крие една тајна

Колиба близу Скопје крие една тајна

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

koliba

Во Скопска Црна Гора, во шумата над селото Бањани, скриена меѓу дрвјата и растенијата, во една карпа, се наоѓа срушена овчарска колиба.

Колибата, наречена од мештаните и скривница, била случајно откриена во 2012 година. Тешката, метална портокалова врата, како оние на подморниците, водела до подземен воен бункер.

колиба скопје

Во бункерот се наоѓа тунел со ходници како лавиринти и телефонски кабли, телеграф, како и вентилациски цевки.

Бункерот бил изграден од поранешна ЈНА и бил тајна сè до 2012 година.

скопје бањане