Цементарница УСЈЕ АД Скопје вработува...Отворени се 4 (четири) работни места

Цементарница УСЈЕ АД Скопје вработува...Отворени се 4 (четири) работни места



Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на


Координатор за продажба

Избраниот кандидат ќе има посебни одговорности и активности за планирање и имплементација на продажбата за одреден регион, со цел постигнување на сите квалитативни, квантитативни и финансиски цели. Работните активности опфаќаат истражување на пазарот, следење на движењата и промените на пазарот на цемент, изработка на анализи, предвидувања и извештаи, организација и координирање на продажбата со цел нејзино зголемување, одговорност за навремена наплата на побарувањата, ефикасна услуга кон клиентите, комуникација и посета на клиентите, како и промотивни активности.

Кандидатот треба да има изразени комуникациски способности, нови идеи и иницијатива за развој на продажбата, отвореност и желба за работа со луѓе, динамичност и подготвеност за чести патувања.  За своето работење ќе одговара на Менаџерот за продажба.  Работното време од 08:00 – 16:00 часот.

Квалификации на кандидатите:
•    Високо образование ВСС/VII степен (240 кредити), економски факултет или некој од
    техничките факултети
•    Работно искуство во продажба најмалку 3 години
•    Одлично познавање на MS Office
•    Одлично познавање на англиски јазик

Референт за набавки

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување на активности за набавка на материјали и услуги со цел квалитетно, навремено и оптимално извршување на набавките, а согласно процедурата за набавки на компанијата.  Работните активности опфаќаат: подготовка на тендери; процесирање на барањата за набавка; комуникација и соработка со секторите баратели на набавката; изготвување на порачки; прибирање рекламации и несообразности забележани при приемот на стоката или пуштање на опремата во употреба; следење на реализацијата на порачаните услуги/материјали; соработка со магацин за прием на стоки; постапување по правилата и прописите од системот за управување со контрактори од аспект на безбедност при работа. За своето работење ќе одговара на Менаџерот за набавки. Работното време од 08:00 – 16:00 часот.

Потребни квалификации:
• ВСС/VII степен стручна подготовка ( економски факултет, електро факултет,машински факултет)
• Претходно работно искуство во набавки ќе се смета за предност
• Одлично познавање на Microsoft апликации (Word, Excel, Powerpoint)
• Одлично познавање на англискиот јазик

Асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет (два извршители)
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за контрола на квалитетот на материјалите во процесот на производство, од суровина до готов производ. Го следи квалитетот според зададените цели за квалитет во процесот на производство. Одговорен е за вршење анализи на XRF анализаторот, како и за точно усогласување на алтернативни методи за анализа. Одговорен е за развивање и анализа на статистички податоци. Работата се извршува во 3 (три) смени. Работното време од 06:00 – 14:00, 14:00 – 22:00, 22:00 – 06:00 часот.

Потребни квалификации:
•  Најмалку ССС/IV степен образование (хемиско или градежно)
• Работно искуство од 1 година во индустрија ќе се смета за предност
• Одлично познавање на Microsoft Office
•  Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

Конкурентски предности за сите позиции:
Желба за работа во средина со високи барања
Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Решавање проблеми
    
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   
1.    Мотивациско писмо
2.    Биографија на англиски јазик (CV)
3.    Доказ за завршено образование

Огласот трае до 14.09.2017 година.
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, http://www.usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.