Алумни интервју со Ѓоре Наков, поранешен студент на УКЛО

Алумни интервју со Ѓоре Наков, поранешен студент на УКЛО

Алумни-базата на УКЛО е преполна со поранешни студенти и магистри кои, благодарение на нивното факултетско знаење, успеале да се докажат во нивното поле на професија.

gore

Ѓоре Наков во 2013 година дипломирал на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, насока Прехранбена технологија и биотехнологија.

„Со оглед на тоа што прехранбената индустрија и биотехнологијата се во постојано усовршување, студирањето на Технолошко-техничкиот факултет во Велес целосно ги задоволи моите очекувања и потреби. Во текот на моето студирање една година преку програмата „Еразмус“ бев на размена на студенти во Универзитетот по прехранбена технологија во Пловдив, Репбулика Бугарија (University of Food Technology Plovdiv), година која ми помогна во усовршување на професионален план“, вели Ѓоре.

После дипломирањето Ѓоре успеал да се вработи како технолог во производство на торти и колачи. Подоцна започнал да работи во фармацевтската индустрија каде што се задржал 2,5 години.

Денес е асистент на катедрата Биотехнологија и прехранбена технологија на русенскиот универзитет „Ангел Канчев“ во Бугарија.

Порака до сегашните и идните студенти:

„Направете учењето да ви биде задоволство, во факултетските клупи можете да создадете многу пријателства кои ќе траат цел живот, како што е мојот случај на Технолошко-техничкиот факултет во Велес. Образованието е дел од животот без кој не се може“.