Важни работи што треба да ги научи вашето дете до 10-тата година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Фото: Adme
Секој сака неговото дете да порасне во добра, почитувана личност полна со разбирање. Но овие карактеристики не растат на дрво.
Секој човек што станува родител презема огромна одговорност. И секако, секој сака неговото дете да порасне и да биде најдобро што може.
Правилното воспитување и личниот пример се она што ќе ви донесе успех кај детето. Затоа, потрудете се вашето дете да ги знае овие работи до неговата 10-та година.
1. Девојчињата и момчињата се рамноправни и треба да се почитуваат и едните и другите
Фото: Adme
Почитта е карактеристика на која треба да го научите вашето дете. Таа не познава пол и ги вклучува и своите врсници.
2. Децата не треба да се плашат да згрешат
Фото: Adme
Не секој може да учи од туѓите грешки. Затоа, важно е на вашето дете да му дадете до знаење дека и од сопствените порази може да се извлече добра порака. Научете го детето да не се плаши од неуспесите и грешките.
3. Оценките не се важни, важно е знаењето
Фото: Adme
Многу родители ги караат своите деца за секоја оценка што ќе биде под нивните очекувања. Но оценката не е секогаш показател за знаењето. Можеби вашето дете вешто препишува од другиот. Уште од мали покажете им дека знаењето е далеку поважно од оценките во дневникот.
4. Родителите не се непријатели - нив секогаш може да им се обрати за
помош
Фото: Adme
Покажете му на детето дека може да ви верува. Карањето и
казнувањето не се начин за детето да стекне доверба во вас.
5. Бранењето на сопствените гледишта е важно
Фото: Adme
Родителите често пати им велат на децата дека наставниците, воспитувачите и другите луѓе имаат поголем авторитет отколку детето. Но ова може да доведе до разни комплекси и неможност да се изнесе и одбрани сопственото размислување. Објаснете му на детето дека почитувањето на другите е важно, но дека постои ситуација кога мора да го брани своето гледиште и некогаш да се спротивстави.
6. Не прави го она што не ти се допаѓа само за да добиеш нечие одобрување
Фото: Adme
Детето често не сфаќа дека во животот не е најважна популарноста. Покажете му преку ваш пример дека е најдобро да се биде добар и чесен, а не да се стане популарен со газење на сопствените начела.
7. Не плаши се да прашаш ако нешто не ти е јасно
Фото: Adme
Поставувањето прашања е нормална работа. Тоа е многу попаметно отколку само да се „изгледа паметен“ и ништо да не се сфати.
8. Секогаш кажувај кога не се чувствуваш добро
Фото: Adme
Ни слабите оценки ни строгоста не смеат да бидат причина детето да се плаши да каже дека не му е добро. Здравјето е најважно.
9. Почитувај ја природата
Фото: Adme
Колку често се жалиме дека ни се валкани улиците, парковите преполни со ѓубре? Во однос на почитување на природата треба да започнеме од себеси, а потоа љубовта да ја пренесеме и кај детето. Ова е единствен начин да се постигне резултат.
10. Научи се да кажеш „не“
Фото: Adme
Научете го детето да каже не. На возрасните, на
наставниците, на другарите, па дури и вам. Воспитајте личност, а не човек што безусловно ќе кима со главата.