Буквите што не би сакале да ги имате на авионскиот билет

Буквите што не би сакале да ги имате на авионскиот билет

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

bilet
Фото: Wikimedia Commons

Ако некогаш на аеродром ве повикаат настрана, причината за тоа може да се буквите „SSSS“ на вашиот авионски билет.

Буквите, кои ги користи Управата за безбедност во сообраќајот (TSA), значат „Secondary Security Screening Selection“ (Секундарна безбедност на скрининг-селекција).

Кодот беше објаснет во 2009 година кога прирачник на „TSA“ случајно протече онлајн од владата, без да биде изменет или уреден како што обично е.

На патниците што се селектирани им е забрането да ги испечатат нивните авионски билети или да ја користат машината за чекирање.

Тие ќе треба да се чекираат на биро, каде што од нив ќе биде побарано да одговорат на потемелни прашања отколку другите патници и ќе подлежат на подлабока проверка на идентитетот.

Исто така, агентите на „TSA“ ќе спроведат целосно скенирање на телото и ќе го прегледаат целиот багажник на патникот, а од патникот може да се побара и да ги вклучи сите електронски уреди.

Процесот може да трае повеќе од 30 минути, така што оние патници што нема да можат да го испечатат билетот дома, треба да имаат предвид дека ќе им биде потребен дополнителен половина час во случај да подлежат на секундарен скрининг.

Критериумите за избирање за скрининг за секундарна безбедност може да вклучуваат:

Плаќање на вашиот билет во готово.
Летање до дестинација означена како „високоризична“.

Некогаш скринингот може да е резултат на случаен избор, но некои патници ќе бидат постојано избирани.

Во април 2010 година весникот „Њујорк тајмс“ откри дека неколку деца постојано биле избирани за секундарен скрининг, веројатно затоа што нивните имиња биле слични со имињата на луѓе на кои им е забранет летот.

Патниците што сметаат дека редовно и неправедно се таргетирани можат да поднесат барање до Одделот за домашна безбедност за да дознаат дали се погрешно ставени на листата за следење.