Македонија нема филм за „Оскар“

Македонија нема филм за „Оскар“

Комисијата во состав од продуцентот Роберт Насков - Претседател на комисијата и членовите Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф), Марија Апчевкса (режисер), Роберт Јанкулоски (директор на фотографија), Атанас Георгиев (монтажер) и Жаклина Крстевска (костимограф) не им дадoa преодна оценка на филмовите „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски.



Ниту еден од пријавените филмови не ги исполнува естетските и наративните критериуми за да биде македонски кандидат за Оскар, од неанглиско говорно подрачје, одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за Оскар.