За сините очи

За сините очи

Подготвил: Маја Пероска

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од сините очи, најмногу поради тоа што се ретка појава, но и затоа што луѓето што ги имаат изгледаат како „сонувачи“. Понекогаш се сметаат и за одлика на расизмот, бидејќи поголемиот дел од човештвото има речиси исклучиво кафеави очи. Една мала популација на жители на Меланезија и Соломонските Острови исто така имаат сини очи, но тие поседуваат мутација на генот „TYRP1“, кој не постои кај Европејците.


Истражување на генетичари од Данска покажало дека сите лица со сини очи потекнуваат од еден заеднички предок. Испитана е ДНК на луѓе од Јордан, Турција и Данска кои имале сина боја на очите. Генетските студии покажуваат дека до пред 6 до 10 000 години сите луѓе имале кафеави очи. Тогаш настапила мутацијата на генот „OCA2“, кој учествува во синтеза на меланин (пигментот кој ја одредува бојата на очите и на кожата). Дотогаш сите луѓе имале кафеави очи, па кога настанала мутацијата, која го исклучила создавањето на меланинот, очите станале безбојни, а тоа ние го гледаме како сина боја. Меѓутоа, генот е активен во кожата и косата, а во спротивно луѓето со сини очи би биле албино. Мутацијата на генот „OCA2“ била сосема иста кај луѓето од северот (Данска) и југот (Турција и Јордан). Само едно лице (кое имало сино-кафеава боја на очите) немало од оваа мутација.

Зошто мутацијата се проширила? Знаеме дека природата фаворизира одредени гени кои имаат еволуциска предност. Која е причината за настанување и ширење на сините очи, кои се чувствителни на светлина? Причината не е во подобриот вид. Некои автори мислат дека причината е во сексуалниот натпревар, бидејќи луѓето со сини очи се попривлечни. Некои истражувања покажуваат дека се многу конкурентни, што би можело да го објасни ширењето на мутацијата. Исто така, подобро поднесуваат болка. Во секој случај, мутацијата денес е присутна во речиси 20% од Европа. Уште понеобично е ако знаеме од испитувањето на Институтот за еволуциска биологија во Барселона дека првите лица кај кои се јавиле сините очи имале темна кожа. Од студија објавена во 200 година, знаеме дека ваквиот човек живеел на крајбрежјето на Црното Море. Ова е причина што најмногу лица со сини очи има на Балканот, а не во Германија и Скандинавија, како што многумина сметаат.

Лицата со сини очи имаат уште некои интересни особини. Одлично поднесуваат алкохол или се склони кон алкохолизам. Ова особено важи за жените со сини очи. Исто така се склони кон заболување на кожата кое е познато како витилиго (бели депигментирани дамки на кожата).

На крајот, може да се истакне дека всушност извонредни се лицата со зелени очи, а само 2% од човештвото имаат зелени очи. Причината е во тоа што лицата со зелени очи имаат некои пигменти во ирисот на окото, што доведува до настанување на „Rayleigh“ дифракција. Станува збор за истиот феномен со кој окото изгледа сино, а се работи за одбивање на светлина од молекулата на воздухот.

Со оглед на реткоста на зелените очи, околу нив се јавуваат митови, како оној дека живеат подолго и имаат натчовечки способности. Психолозите велат дека се посветени и често бунтовни. Често се духовити и интелигентни. Се верува дека се страсни, склони кон мистика. Во секој случај, како што не е познато зошто жителите на Кавказ имаат Rh-негативна крвна група, не сме ниту сигурни зошто имаат сини очи.