Погледнете го трејлерот за новиот игран филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески

Погледнете го трејлерот за новиот игран филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески

Интернационалната премиера филмот ќе ја има на фестивал од А-категорија во Талин (25 ноември), а македонската – на 19 ноември, во рамките на „Синедејс“



Првиот долгометражен филм на режисерот Ѓорче Ставрески, „Исцелител“ ќе ја доживее интернационалната премиера на 25 ноември, на фестивал од А-категорија, „Црни ноќи“ во Талин, Естонија. Насловот на англиски е Secret Ingredient.
Светската премиера на дебитантскиот филм на Ставрески е закажана за 9 ноември, на Солунскиот филмски фестивал, а македонската ќе се случи на 19 ноември, во рамките на фестивалот „Синедејс“ во Скопје. Филмот уште во фаза на подготовка освои неколку важни награди за развој на сценарио на филмски фестивали. Меѓу другите, финансиска помош доби од Мрежата на филмските институции на SEE Cinema network.

Главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски. Играат и Аксел Мехмет и Александар Микиќ. Сценариото е на Ставрески, директор на фотографијата е Дејан Димески, а продуцент на филмот е „Фрагмент филм“, а во копродукција со Грција (Graal S.A). Финансиран е од Агенцијата за филм на Македонија.
Филмот се снимаше во септември 2015 година во Скопје и неговата околина. Станува збор за трагикомична приказна за млад човек што сака да му помогне на својот татко.