Земјите во кои најлесно може да се најде работа

Земјите во кои најлесно може да се најде работа

Подготвил: Маја Пероска

Според извештајот на „OECD“, со оглед на бројот на активна работна сила, население и слободни работни места, овие земји нудат најголема перспектива за луѓето кои бараат работа во странство. Листата е според степенот на леснотија за пронаоѓање работа:


1. Исланд

Оваа земја има подеднакво вработени и мажи и жени, но и најголем број на отворени работни места. Таму поголемиот дел од луѓето работаат две или повеќе работи одеднаш – хонорарно. Стапката на невработеност изнесува околу 4%.

2. Шведска

Има поголем број на невработени од другите земји, а причината за тоа веројатно е во одличната помош за невработените. Стапката на невработеност е околу 7,4%.

3. Норвешка

Оваа земја се оценува како една од најперспективните за пронаоѓање работа во еднаква мера и за мажите и за жените. Факултетските дипломи се голема предност. Стапката на невработеност е 4,39%.

4. Колумбија

Оваа земја е добра за наоѓање работа, но само за мажите, кои во поголем дел ја сочинуваат активната работна сила. Стапката на невработеност е 9%, но препрека е нискиот животен стандард.

5. Естонија

Некогаш комунистичка земја, а денес покажува тренд на развој и е лидер на источна Европа. Стапка на невработеност од околу 6,2%.

6. Русија

Гостопримливи се за потенцијалните работници, особено од техничките и инженерски професии. Стапката на невработеност е околу 5,8%.

7. Нов Зеланд

Еднакви шанси за вработување имаат и мажите и жените, а стапката на невработеност е 5,25%.

8. Швајцарија

Одлична плата, добри работни услови и пензија. Стапката на невработеност е околу 4,48%.

9. Финска

Перспективата за пронаоѓање работа е добра, но имаат малку повисока стапка на невработеност од околу 9,5%, но платите се одлични.

10. Канада

Стапката на невработеност е околу 6,9%, а жените дури и полесно наоѓаат работа од мажите.

11. Австралија

Мажите полесно наоѓаат работа, а стапката на невработеност е околу 6%.

12. Холандија

Висок стандард и можности за вработување. Стапка на невработеност 6,87%.

13. Израел

Израел има навистина богат пазар на труд, па за кратко време може да се најде работа. Стапката на невработеност е 5,25%.

14. Велика Британија

Популарна земја за мигрантски работници и има динамичен паза, секогаш се бараат стручни луѓе, а стапката на невработеност е 5,72%.

15. САД

Земја на соништата за многу работници, нуди многу можности за вработување. Стапката на невработеност е 5,28%.

16. Јужна Кореја

Ова е една од земјите која бележи брз раст и развој. Стапката на невработеност е 3,68%.

17. Данска

Правата на работниците, синдикатите и социјалните права се на високо ниво. Стапката на невработеност е околу 6%.

18. Германија

Голем број на луѓе од Европа се упатуваат во Германија за вработување. Стапката на невработеност е 4,9%.

19. Ирска

И Ирска е преполна со мигранти кои бараат работа, а тоа го прават за кратко време. Стапката на невработеност е 6,3%.