Колумна на Марија Грубор
Понекогаш:
Другарите ти смрдат,
Организациите пропаѓаат,
Мравките го јадат лебот
И Хероите го гаснат Светилникот.
Уште почесто:
Другарките се лакираат,
На работа си прекувремено за ич пара,
Мравките упорно го јадат лебот
и Семафорот на Илинденска трае предолго.
Ич да не праиме муабет за скапаните постери од
политички кампањи на накиснатите тараби
од хохштаплерски зградетини, ако може.
Во такви денови –
глеј да преживееш.
Во сите други –
глеј да надживееш,
преболиш
и отсонуваш.
*
Денот кога одлучив дека или ќе пакувам куфери или под Хитно ќе сплетам начин како да живеам во реалноста, но низ сопствените вредности беше денот кога го наумив Психоактив. Пред тоа, јас и другарка ми Ана од АКСЦ имавме клуб за дискусии со истото име во истоимениот автономен центар кој постоеше од 2013 до 2015 година во Скопје.
Има моменти во животот на еден човек кога: пука лентата. Притоа, филмот може да излезе баш добро експериментално парче, не?
Овој, судниот ко за мене, ден беше 1 септември 2017 година.
*
Е па, денес е 8 ноември.
И добредојдовте во просториите (невидливи, срцеви комори) на Првата Задруга на општествено-културни работници Психоактив.
Затоа што љубов, солидарност & леб можат да постојат заедно, под еден трошен покрив.
Баш токму затоа.
www.psihoaktiv.org
Автор: Марија Грубор
Марија Грубор е дипломиран психолог, поетеса, прозаистка, колумнистка и фотографка. Дипломирала на Институтот за психологија во Скопје, а потоа се запишува на постдипломски студии на Институтот за општествени и хуманистички науки со намера да ги продлабочува знаењата и искуствата од критичките теории. Има објавувано песни, есеи, написи и колумни во повеќе печатени и дигитални списанија, блогови и портали, а учествувала на две фотографски изложби во Скопје и една во Белград.