Ќе се менува начинот на плаќање на патарините на македонските патишта

Ќе се менува начинот на плаќање на патарините на македонските патишта

Подготвил: Тамара Гроздановски

patarini

До крајот на наредната година се очекува завршување на инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса на патарините долж Коридорот 10, најави Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта во интервју за МИА.

Според него, сегашните цени на патарините не треба да имаат корекции и покрај тоа што голем дел од граѓаните сметаат дека плаќаат многу, а возат по лоши патишта. Електронската наплата нема предизвика намалување на бројот на вработени.

„Во патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино - Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо“, вели Китанов во интервјуто за МИА. Тој додава дека таму ќе се постави патарина, па возењето да се плати пресметано за минатата километража.

„Така е на Запад. Ќе има сосема солиден спореден пат. Ние сме должни кога се гради автопат да има спореден пат“, вели Китанов.