Веќе е родена првата личност што ќе живее 1.000 години
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Стареењето ги мачи биолошките организми уште откако животот за првпат започнал на Земјата. Така, низ годините, луѓето успеале да го прифатат, но не и да се помират со него. Особено не научниците, со оглед на тоа што можат да го искористат нивното знаење и познавање за светот за да го решат проблемот со стареењето.
Д-р Обри де Греј, преку ко-основање на фондацијата за истражување, наречена „SENS“, има мисија да го прекине биолошкото стареење. Според него, денес на Земјата постои личност што ќе живее 1.000 години, а верува и дека науката ќе пронајде начин да ги усоврши третманите против стареење во наредните 20 години.
Оваа година веќе има неколку значителни откритија во областа на истражувањата против стареењето. Во август, истражувачите откриле молекула способна да се бори против ефектите од стареењето. Во октомври, новиот третман со матични клетки даде одлични резултати против стареењето.
Тука се и напорите направени од истражувачите од Универзитетот во Екстере, кои развија начин да се промени стареењето на клетките, како и откривањето на генетската мутација против стареењето. Ова е добра вест, особено кога ќе се земе во предвид верувањето на Де Греј, дека стареењето е еден од најголемите предизвици на човештвото.
„Факт е дека секој ден, стареењето убива 110.000 луѓе ширум светот. Недвосмислено предизвикува многу повеќе страдање од сè останато што можеме да го доживееме“, вели де Греј.
Според ОН,
населението што е над 60 години и постари се очекува да се зголеми двојно повеќе до 2050 година - зголемувајќи од 962 милиони на глобално ниво во 2017 година, на 2.1 милијарда во 2050 година.