Оваа земја по сите параметри е земја на среќа и благосостојба!

Оваа земја по сите параметри е земја на среќа и благосостојба!

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Луѓе ја фотографираат „Малата сирена“ во Данска
(Фото: Pixabay)


Најновото истражување на порталот TotallyMoney под наслов „Work Life Balance“ се занимава со прашањето во која земја постои најдобар сооднос помеѓу слободното и работното време, како и заработувачката и среќата на населението.

И ова истражување ги потврди поранешните наоди – дека нивото на среќа е највисоко кај Данците, кои во просек на работа поминуваат по 6,6 часа дневно. И тоа не е сè бидејќи истражувањето покажа дека тие се задоволни и со работните услови, заработката, слободното време...

Во првите топ-5 земји покрај Данска се најде и Шведска, каде што вработените во просек поминуваат по 7,3 часа дневно, на трето место е Холандија, каде што убедливо граѓаните поминуваат најмалку време на работа – само 6,1 часа на ден, па следуваат Финска и Франција.

***

Комплетните резултати од ова истражување може да ги видите на овој линк.