Жителите на оваа земја користат само половина годишен одмор

Жителите на оваа земја користат само половина годишен одмор

Подготвил: Тамара Гроздановски

japonija
Фото: Thinkstock

Работниците во Јапонија користат само половина од нивниот годишен одмор, но и за тоа време чувствуваат грижа на совест, велат резултатите од неодамнешното истражување.

И не само што малку се одмараат, туку и самата помисла за одмор им е непријатна. Околу 63 отсто од работниците изјавиле дека чувствуваат вина поради одморот.

Веќе втора година по ред, јапонските работници се на последно место според истражувањето на компанијата „Експедија“ за работните навики, што опфаќа 30 земји, бидејќи годишно користат само 10 дена одмор.

Јапонските работници велат дека избегнуваат годишен одмор поради различни причини, вклучувајќи и поради „недостаток на работници“, но и солидарност со колегите. Исто така, 33 отсто од јапонските испитаници велат дека не знаат дали нивниот работодавец би им одобрил одмор.

Нивните соседи во Јужна Кореја и Сингапур се на второто и третото место, со 61, односно 35 отсто. За разлика од азиските земји, работниците во Италија, Мексико и Шпанија имаат најниско чувство на вина кога користат годишен одмор.

Во истражувањето учествувале 15.081 луѓе од 30 земји.

Инаку, Јапонија е позната по интезивните работни навики. Секоја година, стотици луѓе се самоубиваат или умираат од мозочен или срцев удар поради преоптеретување на работа. Еден од попознатите случаи на „кароши“, односно смрт поради премногу работење се однесува на 31 годишната новинарка, која починала од срцев удар откако во еден месец прекувремено работела 159 часа.