Како се презива кралицата Елизабета?

Како се презива кралицата Елизабета?

Подготвил: Маја Пероска

На британското кралско семејство не му е потребно презиме, бидејќи е доволно препознатливо без него, пишува „Бизнис Инсајдер“. Но, сега мораат да го користат поради училиштата, војската и слично.

Пред 1917 година, кралските семејства не ги користеле своите презимиња, туку личните имиња и имињата на куќата или династијата која ја претставуваат. Во текот на 1917 година, кралот Џорџ V, бил на тронот седум години. Одлучил да го промени името на својата куќа Сакс-Кобург-Гота во Виндзор. Го променил името заради одбивноста кон Германија пред почетокот на Првата светска војна, па новото име го носи и дворецот, кој е една од кралските недвижности. Кралот нагласил дека тоа мора да се претвори и во нивно официјално презиме. Денес, кралското семејство и понатаму е познато како Виндзоровата куќа. Сепак, кога кралицата Елизабета II дошла на власт, вовела мали измени.

Принцезата Елизабета во 1947 година се омажила за Филип Маунтбатен, поранешен данско-грчки принц кој се вклучил во британската кралска морнарица. По смртта на таткото на Елизабета, тој станал војвода Единбург, додека Елизабета станала кралица Елизабета II.

елизабета
Фото: Srceenshot/YouTube

Елизабета и Филип во 1960 година одлучиле дека сакаат да го диференцираат своето семејсно стебло од останатите и на своите потомци го додале презимето Маунтбатен – Виндзор. Постои и исклучок. Имено, членот од семејството на кое му се обраќаат со „негово/нејзино Височество принц/еза“, не мора да го користи презимето. Некои членови на семејството користат и територијални одредници. Така, принцовите Вилијам и Хари во војска го користеле презимето Велс, бидејќи нивниот татко е принцот од Велс. Принцезите Јуџин и Беатрис се Јорк, по својот татко, војводата Јорк.