Како да го пронајдете и да го заклучите телефонот доколку сте го изгубиле?

Како да го пронајдете и да го заклучите телефонот доколку сте го изгубиле?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Доколку сте го изгубите телефонот, не паничете. Телефоните што работат на „Андроид“ и ајфоните имаат алатки со кои може да ги лоцирате. Доколку телефонот е исклучен, работите може да бидат покомплицирани, особено за оние на „Андроид“. Еве како да се обидете да го најдете телефонот доколку го изгубите.

Како да најдете изгубен ајфон

Најдобра алатка за барање ајфон е „Find my iPhone“. Треба да ја најдете оваа опција на iCloud.com. Откако ќе се вклучите, одете на „All devices“. Потоа одберете го вашиот изгубен телефон од листата и ќе видите мапа на екранот со локацијата на вашиот телефон.

Како да најдете изгубен телефон на „Андроид“

Изгубен телефон на „Андроид“ може да се најде преку „Android device manager“. За да го најдете телефонот, одете на веб-страницата „Find my device“ и најавете се со вашата сметка на „Гугл“, која е поврзана со телефонот. Ако имате повеќе телефони, одберете го изгубениот телефон во менито на врвот на екранот. Потоа ќе се појави мапа со локацијата на телефонот.


Фото: Pixabay

Доколку мапата покажува дека телефонот е во ваша близина, притиснете на „Play sound“. Уредот ќе почне да ѕвони во следните пет минути, дури и доколку е поставен на режим без звук.

Може ли да го следите телефонот ако е исклучен?

Ајфоните може да се најдат дури и кога се исклучени. Доколку ги следите чекорите погоре, а вашиот телефон не е вклучен на интернет, мапата ќе го покаже последното место на телефонот пред да биде исклучен, а веб-страницата ќе ви испрати известување кога телефонот повторно ќе биде вклучен доколку ја одберете таа опција на екранот. За жал, телефоните на „Андроид“ мора да бидат вклучени за да бидат лоцирани.

Како да го заклучите изгубениот телефон?

Најдобар начин за заштита на информациите во телефонот е заклучување на екранот. „Lost Mode iPhone“ и „Lock my Phone“ во „Android device manager“ може да го заклучат телефонот за да се спречи пристапување до информации од страна на крадци.


Фото: Pixabay

Доколку изгубите ајфон, може да го заклучите екранот со следните чекори:

- Одете на „Find my iphone“;
- најавете се;
- одберете го изгубениот ајфон од менито;
- притиснете „Lost mode“;
- одберете број за контакт;
- притиснете „Next“;
- одберете порака која сакате да ја види тој што ќе го најде телефонот;
- притиснете „Done“.

За телефони на „Андроид“, чекорите за заклучување на екранот се следните:

- одете на „Find my device“;
- најавете се со сметката на „Гугл“ што е поврзана со телефонот;
- доколку имате повеќе телефони, одберете го изгубениот;
- притиснете на „Secure device“;
- внесете порака и број за контакт што ќе ги види лицето што ќе го најде телефонот;
- притиснете „Secure device“.

Автор: Алина Бредфорд
Извор: rd.com