Зошто престојот на планина е добар и за телото и за умот?

Зошто престојот на планина е добар и за телото и за умот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Престојот во густа шума и во планински региони докажано ги зголемува физичката и менталната благосостојба. Познато е дека височината носи здравствени придобивки, а зачудувачката глетка помага при донесување одлуки и креативност. Еве само некои од причините да одите и да достигнете големи височини.

Подобрување на издржливоста

Во 2015 година, за време на Светското првенство, велшкиот рагби-тим испробал нов вид тренинг развиен во Швајцарија. Без разлика дали спортистите навистина се искачуваат на планини или едноставно симулираат надморска височина од земјата, имало корист од нивниот тренинг.

Височината го стимулира производството на црвени крвни зрнца во нашето тело. Како резултат, повеќе кислород може да се пренесе од нашата крв до ткивата, мускулите, па дури и мозокот. Живеењето во планина или редовното искачување ја зајакнува и физичката благосостојба.

Височината го потиснува гладот


Поминувањето подолго време на поголема надморска височина има посебна придобивка за луѓето што стареат, луѓето со прекумерна дебелина или луѓето што имаат проблеми со циркулацијата. Ако тие редовно престојуваат на височина помеѓу 800 и 1.800 метри, тоа би можело значително да го подобри нивното здравје.

Живеењето на височина над 1.300 метри го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени видови рак. Освен тоа, високата надморска височина го подобрува протокот на крв, но и помага во борбата против дебелина. Исто така, има позитивно влијание врз намалувањето на чувството на глад, како резултат на неговото влијание врз хормоните одговорни за контрола на апетитот и утврдувањето на тоа колку се чувствуваме сити.

suma
Фото: Freepik

Природата ја зголемува креативноста

Во Јапонија, поминувањето време во шума всушност се препишува како лек и како форма на превентивна медицина. Станува збор за еден вид терапија позната како шинрин-јоку.

Експертите велат дека луѓето се попродуктивни кога се надвор и мислат подобро кога му дозволуваат на умот да лута, додека му се восхитуваат на планинскиот пејзаж.

Предности од шумата

Излегувањето надвор, искачувањето по планини или едноставно престојот во природа ни помага да носиме одлуки и ја ослободува креативноста.

Искачувањето на планина е симбол на напредок, движејќи се напред и нагоре. Притоа, се чувствуваме многу попозитивни. Природата го смирува и го подобрува нашето ментално здравје.

Извор: Monaco-tribune.com
Фото: Freepik