Ова не е уште еден текст за коронавирусот

Ова не е уште еден текст за коронавирусот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Како да напишете смислен текст во време кога сè е бесмислено. Кога луѓето се плашат од вирус.

Кога се плашат од глад.

Кога се затворени градинките.

Училиштата.

Продавниците.

За што да се пишува, а тоа да не е вирусот.

А има. Толку многу.

Има многу повеќе во животот од статистики. Колку мртви, колку заболени.

Не е ова мој бунт. Да го негирам она од кое се плашам.

Преживеавме многу полоши работи од корона.

Преживеавме гранати што паѓаа.

Мармалад и маргарин на домашен леб. Маст и пипер.

Преживеавме млеко од конзерва.

Читање на свеќа.

Играње домино, шах и карти.

Преживеавме иритантни звуци на сирена за воздушна опасност.

И не го минимизирам значењето на еден вирус, но преживеав некои опасни настинки и грип во повоените болници во Република Србија.

Преживеавме колони, конвои, центри за бегалци.

Преживеавме продавници што не постоеја за сега панично да ги опустошиме оние што се затвораат во шест.

Преживеавме кафулиња со искршени излози во кои немаше никој за да ми пречат овие што затворија малку порано.

Преживевме и без училишта. И без градинки.

Преживеавме без нашите најблиски.

И не се плашам од вирусот.

Не се плашам ни од смртта ако таа дојде по мене.

Се плашам од луѓето.

Ограничени.

Плитки.

Се плашам од нивната хистерија.

Се плашам од незнаење.

И ми се смачи.

Не можам повеќе да слушам за вирусот.

Не можам да ги гледам соседите кои складираат тоалетна хартија и брашно како да тоа ќе нè спаси од сè.

Не можам.

Не можам да слушам.

Не можам бидејќи ова е најубавата пролет во која стигна сè процветано.

И сè мириса на среќа, а не мириса на вирус.

Не ја можам оваа масовна хистерија и параноја.

Нема да ве убие короната. Ќе се убиете сами себе и пред да дојде вирусот.

Автор: Јелена Деспот
Извор: Lolamagazin.com
Фото: Pixabay