Шпанската полиција преку дронови им порачува на луѓето да го почитуваат карантинот
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Како одговор на ненадејното зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, полицијата во Шпанија користи дронови за да патролира низ градовите и да им порачува на луѓето да останат дома.
Земјата прогласи вонредна состојба во петокот и во саботата владата им нареди на сите да седат дома, а да излегуваат само за итни потреби. Слично како што направи Кина неодамна, и шпанската полиција се надева дека ќе ги посрамоти луѓето, па така да останат дома без да мора да им се приближува и да ризикува ширење на болеста.
На една снимка може да се види како полицијата зборува на радио и им порачува на луѓето што се шетаат во парк во Мадрид да си одат дома. Во меѓувреме, дрон ја пренесува пораката до луѓето што се надвор и покрај карантинот.
Полицајци што користат дронови за да им викаат на луѓето да останат дома звучи како нешто што излегло директно од сајберпанк-дистопија. Но, почитувањето на упатствата за карантин и држењето растојание се некои од најдобрите начини за забавување и, да се надеваме, запирање на ширењето на коронавирусот.
Насловна фотографија: Unsplash