Се сеќавате на роботските кучиња на „Бостон дајнемикс“? Сега се продаваат и како домашни миленичиња!

Се сеќавате на роботските кучиња на „Бостон дајнемикс“? Сега се продаваат и како домашни миленичиња!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кучето-робот на „Бостон дајнемикс“, познато во јавноста како Спот, досега беше користено за многу работи, неодамна беше испратено во Чернобил за да открие колкава е радијацијата, а го користат и болниците и полицијата за истражување криминални сцени, како и за тестирање вселенски ракети.

Но, една девојка од Флорида открила дека технолошкото чудо вредно 75.000 долари може да биде и одлично домашно милениче што може да се шета на поводник.

На интернет кружи видео токму од оваа девојка како го шета своето роботско куче, кое го нарекува Скрепи, по улиците на Флорида. Станува збор за истото куче-робот на „Бостон дајнемикс“, чија цена е 75.000 долари.

На видеото подолу многу луѓе го коментираа она што го гледаа, а имаше такви и што беа малку исплашени од бизарната глетка.

Сопственичката зборува со нејзиното роботско милениче исто како што сопствениците зборуваат со вистинските миленичиња, а тоа најдобро може да се види откако таа ќе биде запрена од полицијата, не поради казна, туку поради љубопитноста на полицаецот.



Девојката ѝ демонстрира на полицијата како нејзиното метално куче е „добро момче“ кое слуша наредби од неа.

Роботот Спот минатата година беше пуштен во малопродажба по цена од 75.000 долари, а досега се користеше во јавни служби и компании, но се чини дека го наоѓа своето место и како домашно милениче.



Скрепи има свој јутјуб-канал на кој очигледно, редовно ги објавува авантурите. На истиот канал можете да ја видите и првата средба на Скрепи со вистинско куче, а во најновото видео, сопственичката на Скрепи дури и го чисти за првпат.



Да, светот никогаш нема да престане да нè воодушевува на бизарен начин.

Извор: Ladbible.com
Фото: Screenshot/YouTube