Откажани се сите културни настани што беа планирани за неделава
Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат.