Папата Франциск: „Парите треба да служат, а не да владеат“

Папата Франциск: „Парите треба да служат, а не да владеат“

Подготвил: Билјана Спиркоска

Лектор: Ивана Кузманоска

Папата Франциск е можеби папата со најпрогресивни гледишта од сите негови претходници. Тој постојано повикува на еднаквост и милостина, а тој е и првиот папа што ја посети Македонија. Во продолжение ви пренесуваме неколку негови легендарни изјави.

-Сега има многу сиромаштија во светот и тоа е скандал кога имаме толку многу богати и ресурси да може да им се даде на сите луѓе. Сите мораме да размислуваме како можеме да станеме помалку сиромашни.

-Парите треба да служат, а не да владеат.

-Да кажеш дека можеш да убиеш во име на господ е бласфемија.

-Кажете ми, можете ли да живеете под тежината на сегашноста? Без сеќавање на минатото и без желба да погледнете напред во иднината преку градење нешто, иднина, фамилија? Можете ли да продолжите така? За мене, ова е најитниот проблем со кој се соочува црквата.

-Каде што има работа, нема достоинство.

-Денес вест се скандалите, но многуте деца што немаат што да јадат не се вест. Тоа е тешкото. Не можеме да бидеме мирни додека нештата се вакви.

-И денес креваме рака на нашиот брат... Ги усовршивме оружјата, нашата совест спие, а ги избистривме идеите да се оправдаме како да е нормално да продолжиме да сееме уништување, болка, смрт. Насилството и војната водат само кон смрт.

-Мораме да ја вратиме надежта кај младите луѓе, да им помогнеме на старите, да бидеме отворени за иднината, да шириме љубов. Да бидеме сиромашни меѓу сиромашните. Мораме да ги вклучиме исклучените и да проповедаме мир.

-Сите имаме должност да правиме добрини.

-Заедно со културата на работа мора да има и култура на одмор како награда. Односно, луѓето што работат мора да се одморат, да бидат со нивните фамилии, да уживаат, да читаат, да слушаат музика, да спортуваат.

Извор:Brainy Quote
Фото: Архива/Борче Поповски