Србија им оддаде почит на жртвите од Кочани
Од вчеравечер на Белградската кула им се оддава почит на жртвите од трагедијата во Кочани, каде што во пожар во дискотека загинаа 59 лица.
На фасадата на зградата е испишана пораката „Србија е со Северна Македонија“, додека наизменично се менуваат слики - знамето на Македонија покриено со црна панделка за изразување жалење и слика од запалена свеќа во спомен на жртвите.
Утре во Србија е ден на жалост поради трагедијата во Кочани.
59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години. Повредените се испратени на лекување во Србија, Грција и Бугарија.
Извор:
k1info.rs
Фото: K1 info