Студентите на УКИМ одржаа заеднички час во знак на почит за жртвите во пожарот во Кочани

Студентите на УКИМ одржаа заеднички час во знак на почит за жртвите во пожарот во Кочани

Подготвил: Тамара Гроздановски

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржаа заеднички час пред платото за да изразат почит за жртвите од трагичниот пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 млади луѓе, а над 150 луѓе се повредени.

Иницијативата беше одобрена од страна на управата на УКИМ, која им дозволи на студентите прекин на наставата за да можат да присуствуваат на собирот.

1
Фото: USSUKIM

Студентите и професорите се потпишуваа во книгата на жалост, се палеа свеќи, а се одржа и седумминутен молк во знак на почит кон загинатите. Присутните изразија солидарност со семејствата на загинатите и повредените во трагедијата.

3
Фото: USSUKIM

Беа присутни стотици студенти кои покажаа дека хуманоста и заедништвото се основни вредности за секоја академска институција. На настанот присутна беше и министерката за образование Весна Јаневска.

Од Универзитетското студентско собрание при УКИМ соопштија дека заедничката настава и собирите ќе продолжат до 21 март 2025 година, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ.

1
Фото: USSUKIM