Фасцинантни факти поврзани со „Титаник“ што веројатно не сте ги знаеле

Фасцинантни факти поврзани со „Титаник“ што веројатно не сте ги знаеле

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Најпознатото потонување на брод во историјата на човештвото се случило ноќта помеѓу 14 и 15 април 1912 година. За оваа голема трагедија се снимени многу филмови, напишани се книги и организирани изложби, но и денес постојат детали што изненадуваат.

1. Филмот чини повеќе од бродот

Буџетот за холивудскиот филм „Титаник“ со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги бил поголем од трошоците за изградба на вистинскиот брод.

2. Четвртиот оџак бил само за украс


Од четирите импозантни оџаци на „Титаник“, само три функционирале, а четвртиот бил додаден исклучиво за визуелен впечаток. Дизајнерите сметале дека бродот изгледа поимпресивно со четири.

3. Санта мраз стара илјада години

Сантата мраз што го потопила „Титаник“ почнала да се движи приближно илјада години пред нашата ера. Воедно, „Титаник“ е единствениот прекуокеански брод што потонал по судир со санта мраз.

4. Јапонецот што преживеал бил осуден во татковината

Единствениот јапонски патник кој го преживеал потонувањето бил осуден како кукавица по враќањето во својата земја, затоа што не умрел заедно со другите.

5. Пекарот преживеал поради алкохол


Главниот пекар на бродот, Чарлс Џон Џогин, преживеал пловејќи во ледената вода благодарение на големото количество алкохол што го испил за време на потонувањето, кое му помогнало да остане топол додека не стигнала помош.

6. Трагедијата можела да биде избегната

Трагедијата можела да биде избегната ако сантата мраз била забележана и пријавена на капетанот само 30 секунди порано.

7. Весник на бродот секој ден

На бродот секојдневно излегувал весникот „Атлантик дејли булетин“, во кој имало вести, реклами, трачеви од високото општество, резултати од трки со коњи, па дури и дневното мени.

8. Само две бањи за 700 патници

Само две кабини во првата класа имале свои бањи, додека околу 700 патници во третата класа морале да делат само две кади за лична хигиена.

9. Промена на план му го спасила животот

Наследникот на американската чоколадна империја, Милтон Херши, имал билети за патувањето со „Титаник“, но го одложил патувањето поради деловен состанок.

10. Оркестарот свирел до крај


Се сеќавате на сцената во филмот каде што оркестарот продолжува да свири додека бродот тоне? Тоа навистина се случило. Музичарите свиреле уште два часа откако бродот удрил во сантата мраз.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Wikipedia